5/17/2011

Директорот на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски во посета на ОИШ во Делчево

  
Во редовна работна посета денес 17.05.2011 година во просториите на Општинскиот изборен штаб на ВМРО ДПМНЕ во Делчево беше Генералниот директор на АД Електрани на Македонија, г-динот Влатко Чинговски.
Посетата е во рамките на неговатна редовна работна агенда предвидена во рамки на неговиот ангажман.
Г-динот Чинговски во Делчево се сретна со кандидатот за пратеник од Делчево од редовите на ВМРО ДПМНЕ, г-динот Тони Трајановски, како и со 10-тина млади активисти на ВМРО ДПМНЕ во Делчево со кои поразговараа на актуелни теми, пред се поврзани со текот на предизборната кампања за Предвремените парламентарни избори кои ке се одржат на 5-ти Јуни. Нескриено беше задоволството на г-динот Чинговски од организационата поставеност и структуираност на Општинскиот изборен штаб на ВМРО ДПМНЕ во Делчево во кој се вклучени претежно голем број на високопрофесионални млади кадри кои со голем ентузијазам и посветеност ги извршуваат своите редовни обврски во рамки на партиските тела и органи.
Со ваков тим и со вакви млади и перспективни кадри вклучени во работата на сите нивои на партијата, единствен можен резултат е успехот на ВМРО ДПМНЕ, но и успехот на МАКЕДОНИЈА, со знаењето како моќ и способноста на граѓаните на целата држава. Исто така од страна на Претседателот на Општинскиот изборен штаб и кандидатот за пратеник на ВМРО ДПМНЕ од Делчево, г-динот Тони Трајановски, на г-динот Чинговски му беше соопштено огромното расположение на граѓаните на општина Делчево, за нивната подготвеност да ја подржат реформската политика на Премиерот на Република Македонија и Претседател на ВМРО ДПМНЕ, г-динот Никола Груевски, која се спроведува и на државно и на локално ниво во Делчево, преточена во конкретни проекти и програми насочени кон подобрувањето на животот на обичниот граѓанин (земјоделец, градежен работник, студент, средношколец, јавна администрација, професори и наставници, културни работници), како и зачувување на традиционалните вредности на Македонскиот народ преку воведување на политики за зголемување на наталитетот, животниот стандард и развој на туризмот, оптимално управување со расположивите ресурси на државата, енергетиката, итн.
За крај на средбата беше изразена надеж за мирен и слободен процес на спроведување на изборите и  почитување на демократијата на денот на изборите како врвно сретство на самоопределување на граѓаните во рамки на воспоставениот систем на современа и слободна Република Македонија, за воздржување на политичките соперници од било какви насилства и нерегуларности, преку почитување на мислењето и гласот на поединецот. На таков начин заедно да допринесеме кон развојот на нашата држава, во целост.

No comments:

Post a Comment