Деновиве сме сведоци на жестоки притисоци од страна на познати активисти од СДСМ. Имено, назначените лица од ВМРО-ДПМНЕ во отворените 22 Месни Штабови на територијата на Општина Делчево, се подложени на директна тортура од страна на така наречените ,,Чувари на Изборната Победа,,. За овие лица е реагирано и поднесени се соодветни Пријави во надлежните институции.
За таа цел, апелираме до сите граѓани да останат имуни на заканите и притисоците кои што одамна беа највени од страна на одредени функционери на СДСМ и да ги осудат истите.
Демократијата мора да победи на овие Предвремени Парламентарни Избори.
Затоа Почитувани, мора да направите разлика помеѓу луѓето ,со конкретни проекти и визија за иднината на Република Македонија и оние кои што сакаат по секоја цена да дојдат на власт не бирајќи за тоа средства и начин да ги задоволат своите лични интереси.
ДА! РЕФОРМИТЕ КЕ ПРОДОЛЖАТ!
ВИ БЛАГОДАРАМ
No comments:
Post a Comment