5/16/2011

ПРЕС БР.1 16.05.2011 ГОДИНА

Локален Прес Центар на ВМРО-ДПМНЕ при О.К Делчево

Почитувани сограѓани,
Со Гордост Ве информираме дека во пресрет на претстојните вонредни парламентарни избори 2011 година во Република Македонија, Општинскиот Комитет при ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните на Општина Делчево имаат свој кандидат за пратеник во Собранието на Република Македонија.
-После сеопфатните анализи, покажан успех во работата, особините на чесност и искреност, кои што се основен предуслов за избор на личност и човек, кој достојно ке не претставува во Законодавниот дом на нашата Држава, и кој што не штедејки се себеси, достојно ке ги застапува интересите на граѓаните на нашата Општина и пошироко, Општинското и Државно Раководство на ВМРО-ДПМНЕ одлучи Кандидат за Пратеник во нашата Изборна Единица 3 да биде Господинот Тони Трајановски од Делчево.
-Роден на 10 април 1973 година во Делчево, Господинот Тони Трајановски основно и средно училиште има завршено во Делчево, а Високо образование,односно технолошко-металуршки факултет во Скопје. Оженет и татко на две деца. Во моментот е Управник на Македонски Пошти подужница Делчево и успешен Претседател на Советот на Општина Делчево.
Господинот Тони Трајановски во средината во која што живее и работи е познат како добар татко и сопруг, прекрасен сосед, успешен раководител, угледен и респектиран граѓанин и добар колега.
Зад него не стојат никакви афери и злоупотреби кое нешто го прави Достоен за сенароден Пратеник во Републичкото Собрание.
Затоа Почитувани раководејки се од Изборната Програма на ВМРО-ДПМНЕ преточена во МАНИФЕСТОТ ЗА РЕФОРМИ И РАЗВОЈ на Република Македонија и ОТЧЕТОТ за сработеното од Владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Господинот Никола Груевски за периодот 2006-2011 година, со посебна Гордост можеме да излеземе пред Вас граѓаните со чист образ да ја побараме Вашата подршка за претстојните предвремени парламентарни избори 2011 година.
Изборната кампања ке ја водиме фер и демократски со најсовремени интернет технологии на информирање, посетувајки ги сите граѓани на општината. Во тој контекст е изготвена агенда која можете да ја видите на нашата веб страна tonitrajanovski-pratenik.blogspot.com каде што ке бидат проследени неговите и наши активности во текот на кампањата.
Нашиот и Ваш кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ е Господин Тони Трајановски од Делчево.
ДА РЕФОРМИТЕ КЕ ПРОДОЛЖАТ!
ВИ БЛАГОДАРАМ.

No comments:

Post a Comment