6/06/2011

Резултати на Локално ниво во општина Делчево

Изборните резултати од Предвремените парламентарни избори во општина Делчево се следните

ПОДЕМ - 7
СДУ - 20
ВМРО ДПМНЕ- 4464
ВМРО НП - 1407
ДУИ - 136
ДПА - 13
ППД - 41
СДСМ - 4044
ЛДП - 85
СДПМ - 23
ППД - 14
ОМ - 212
Неважечки - 461


Со овие резултати ВМРО ДПМНЕ и коалицијата ЗА ПОДОБРА МАКЕДОНИЈА е победник на Предвремените парламентарни избори 2011 година кои се одржаа во општина Делчево.
Резултатите на централно -државно ниво може да се погледнат на официјалниот веб сајт на ДИК тука

5/25/2011

Општ сенароден митинг на ВМРО ДПМНЕ во Делчево

Во четврток 26.05.2011 година, на летната сцена пред Спомен домот АСНОМ во Делчево со почеток во 17.30 часот ке се одржи општ сенароден митинг на ВМРО ДПМНЕ во Делчево.
На митингот учество ке земат носителот на кандидатската листа број 5, за пратеници во 3-та изборна единица, г-динот Влатко Ѓорчев, кандидатот за пратеник од општина Делчево г-дин Тони Трајановски, како и Премиерот на Република Македонија и Претседател на ВМРО ДПМНЕ, г-динот Никола Груевски. 

5/21/2011

ПРЕС БР.2 -20.05.2011 год.

Почитувани сограѓани,

Деновиве сме сведоци на жестоки притисоци од страна на познати активисти од СДСМ. Имено, назначените лица од ВМРО-ДПМНЕ во отворените 22 Месни Штабови на територијата на Општина Делчево, се подложени на директна тортура од страна на така наречените ,,Чувари на Изборната Победа,,. За овие лица е реагирано и поднесени се соодветни Пријави во надлежните институции.

5/17/2011

Директорот на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски во посета на ОИШ во Делчево

  
Во редовна работна посета денес 17.05.2011 година во просториите на Општинскиот изборен штаб на ВМРО ДПМНЕ во Делчево беше Генералниот директор на АД Електрани на Македонија, г-динот Влатко Чинговски.
Посетата е во рамките на неговатна редовна работна агенда предвидена во рамки на неговиот ангажман.
Г-динот Чинговски во Делчево се сретна со кандидатот за пратеник од Делчево од редовите на ВМРО ДПМНЕ, г-динот Тони Трајановски, како и со 10-тина млади активисти на ВМРО ДПМНЕ во Делчево со кои поразговараа на актуелни теми, пред се поврзани со текот на предизборната кампања за Предвремените парламентарни избори кои ке се одржат на 5-ти Јуни. Нескриено беше задоволството на г-динот Чинговски од организационата поставеност и структуираност на Општинскиот изборен штаб на ВМРО ДПМНЕ во Делчево во кој се вклучени претежно голем број на високопрофесионални млади кадри кои со голем ентузијазам и посветеност ги извршуваат своите редовни обврски во рамки на партиските тела и органи.

Прес на Александар Бичиклиски (17.05.2011)

Плагијаторите од СДСМ се загубени во безидејноста на сопствените луѓе кои немајки идеи и решенија со кои ке се оквалификуваат како способен политички субјект во македонското општесвено современие, потпаѓаат во процес на неуспешно копирање на се она што значи креативност, нови идеи и свежина во редовите на ВМРО ДПМНЕ кои како единствена прогресивна сила по сите основи во рамки на општествениот развој на Република Македонија, секојдневно се надминуваме себеси во работливост, чесност и упорност, но и знаење умеење и способност. 
ДА живее ВМРО ДПМНЕ , ДА живее Македонија....
ДА ЗА РЕФОРМИ И РАЗВОЈ на Република Македонија.

Распоред на големи митинзи на ВМРО ДПМНЕ во рамки на предизборната кампања 2011 год.

5/16/2011

ПРЕС БР.1 16.05.2011 ГОДИНА

Локален Прес Центар на ВМРО-ДПМНЕ при О.К Делчево

Почитувани сограѓани,
Со Гордост Ве информираме дека во пресрет на претстојните вонредни парламентарни избори 2011 година во Република Македонија, Општинскиот Комитет при ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните на Општина Делчево имаат свој кандидат за пратеник во Собранието на Република Македонија.
-После сеопфатните анализи, покажан успех во работата, особините на чесност и искреност, кои што се основен предуслов за избор на личност и човек, кој достојно ке не претставува во Законодавниот дом на нашата Држава, и кој што не штедејки се себеси, достојно ке ги застапува интересите на граѓаните на нашата Општина и пошироко, Општинското и Државно Раководство на ВМРО-ДПМНЕ одлучи Кандидат за Пратеник во нашата Изборна Единица 3 да биде Господинот Тони Трајановски од Делчево.

Митингот на ВМРО ДПМНЕ во Охрид во живо

Почитувани, 
за првпат во Македонија со технологија невидена за оваа намена досега во државата и пошироко во светски рамки (ретки се случаите на примена на ваков вид на кампања, на пренесување во живо на големите народни собири во рамки на политичката кампања), ВМРО ДПМНЕ врши директен пренос од митингот на нашата партија во живо преку интернет. За таа цел на официјалната интернет адреса на нашата партија www.vmro-dpmne.org.mk се воведени напредни технолошки решенија досега невидени во рамки на нашата држава, со интерконективност на корисниците т.е. граѓаните на кои овој сервис им е наменет. Со тоа граѓаните добиваат директна и релевантна информација од прва рака поврзана со еден од најважните моменти од создавањето на Македонската независна држава па до денес. Демократијата мора да дојде до израз, а вистинската информација е чекор напред во пренесувањето на пораките, на нашите идни пратеници и министри во институциите на Република Македонија.
Следете го митингот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во 19 часот ВО ЖИВО на следниот линк http://vmro-dpmne.org.mk/vozivo/ или на http://nikolagruevski.mk/vozivo/ како и на официјалните facebook страни на Никола Груевски (http://www.facebook.com/NGruevski) и ВМРО-ДПМНЕ (http://www.facebook.com/vmromakedonija)

РЕФОРМИТЕ ЌЕ ПОБЕДАТ! Да живее Република Македонија

Кандидатски листи на ВМРО ДПМНЕ по изборни единици


Носители на кандидатските листи за пратеници во Собраниетo на Република Македонија од ВМРО ДПМНЕ се:

И.Е. 1
  1. м-р Никола Груевски

И.Е. 2
  1. Гордана Јанкулоска

И.Е. 3
  1. Владимир Ѓорчев

И.Е. 4
  1. Зоран Ставрески

И.Е. 5
  1. Антонијо Милошоски

И.Е. 6
  1. Никола Тодоров

И.Е. 7
  1. Ристо Манчев

И.Е. 8
  1. Павле Саздов

И.Е. 9
  1. Милорад Додовски