5/16/2011

ПРЕС БР.1 16.05.2011 ГОДИНА

Локален Прес Центар на ВМРО-ДПМНЕ при О.К Делчево

Почитувани сограѓани,
Со Гордост Ве информираме дека во пресрет на претстојните вонредни парламентарни избори 2011 година во Република Македонија, Општинскиот Комитет при ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните на Општина Делчево имаат свој кандидат за пратеник во Собранието на Република Македонија.
-После сеопфатните анализи, покажан успех во работата, особините на чесност и искреност, кои што се основен предуслов за избор на личност и човек, кој достојно ке не претставува во Законодавниот дом на нашата Држава, и кој што не штедејки се себеси, достојно ке ги застапува интересите на граѓаните на нашата Општина и пошироко, Општинското и Државно Раководство на ВМРО-ДПМНЕ одлучи Кандидат за Пратеник во нашата Изборна Единица 3 да биде Господинот Тони Трајановски од Делчево.

Митингот на ВМРО ДПМНЕ во Охрид во живо

Почитувани, 
за првпат во Македонија со технологија невидена за оваа намена досега во државата и пошироко во светски рамки (ретки се случаите на примена на ваков вид на кампања, на пренесување во живо на големите народни собири во рамки на политичката кампања), ВМРО ДПМНЕ врши директен пренос од митингот на нашата партија во живо преку интернет. За таа цел на официјалната интернет адреса на нашата партија www.vmro-dpmne.org.mk се воведени напредни технолошки решенија досега невидени во рамки на нашата држава, со интерконективност на корисниците т.е. граѓаните на кои овој сервис им е наменет. Со тоа граѓаните добиваат директна и релевантна информација од прва рака поврзана со еден од најважните моменти од создавањето на Македонската независна држава па до денес. Демократијата мора да дојде до израз, а вистинската информација е чекор напред во пренесувањето на пораките, на нашите идни пратеници и министри во институциите на Република Македонија.
Следете го митингот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во 19 часот ВО ЖИВО на следниот линк http://vmro-dpmne.org.mk/vozivo/ или на http://nikolagruevski.mk/vozivo/ како и на официјалните facebook страни на Никола Груевски (http://www.facebook.com/NGruevski) и ВМРО-ДПМНЕ (http://www.facebook.com/vmromakedonija)

РЕФОРМИТЕ ЌЕ ПОБЕДАТ! Да живее Република Македонија

Кандидатски листи на ВМРО ДПМНЕ по изборни единици


Носители на кандидатските листи за пратеници во Собраниетo на Република Македонија од ВМРО ДПМНЕ се:

И.Е. 1
  1. м-р Никола Груевски

И.Е. 2
  1. Гордана Јанкулоска

И.Е. 3
  1. Владимир Ѓорчев

И.Е. 4
  1. Зоран Ставрески

И.Е. 5
  1. Антонијо Милошоски

И.Е. 6
  1. Никола Тодоров

И.Е. 7
  1. Ристо Манчев

И.Е. 8
  1. Павле Саздов

И.Е. 9
  1. Милорад Додовски