Во четврток 26.05.2011 година, на летната сцена пред Спомен домот АСНОМ во Делчево со почеток во 17.30 часот ке се одржи општ сенароден митинг на ВМРО ДПМНЕ во Делчево.
На митингот учество ке земат носителот на кандидатската листа број 5, за пратеници во 3-та изборна единица, г-динот Влатко Ѓорчев, кандидатот за пратеник од општина Делчево г-дин Тони Трајановски, како и Премиерот на Република Македонија и Претседател на ВМРО ДПМНЕ, г-динот Никола Груевски.
Се покануваат сите граѓани на општина Делчево да присуствуваат на овој голем настан, на кој ке биде презентирана програмата на идната Влада на Република Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, преточена во над 1200 конкретни проекти низ бројки и рокови за реализација, во документот именуван како Манифест за реформи и развој, за наредните 4 години.
Со оваа конкретна програма се поставени високи цели и стандарди во Македонското општество, кои на Република Македонија ке и донесат Реформи и Развој, онакви какви што всушност Македонскиот народ заслужува.
Исто така ке биде направен отчет пред граѓаните на општина Делчево за се она што беше ветено и реализирано во изминатиот период, како превземена обврска од страна на ВМРО ДПМНЕ. Делчево не е она што беше пред 2006 (парламентарните избори) и уште повеќе пред 2009 година (локалните и претседателски избори). Делчево денес е модерна општина чиј што развој и просперитет се базира на здрави основи кои подразбираат, секојдневна работа и посветеност на сите надлежни институции, чесност и умешност во работата, соработка, транспарентност и отчетност пред граѓаните од кои потекнува мандатот на власта дадена на избори.

No comments:
Post a Comment